Меси покажа големо срце: Донираше 80.000 евра за обновување на Мадрид по разорните пожари

by bojan
1 минути читање

Лео Меси уште еднаш покажа дека неговата големина не се гледа само на фудбалските терени, Аргентинската ѕвезда донираше 80.000 евра за обнова на регионот Сиера Оесте во Мадрид, кој беше тешко погоден од големи пожари.

И покрај големото ривалство помеѓу Реал и Барселона, Лео Меси покажа дека надвор од терените сите треба да бидат сплотени, особено во тешки времиња.

Поранешниот напаѓач на „каталонците“ донираше 80.000 евра за обнова на регионот Сиера Осете во Мадрид, една од областите кои беа најтешко погодени од големите шумски пожари.

Веста ја потврди претседателката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, која јавно му се заблагодари на Аргентинецот и порача дека неговиот гест има огромно значење за луѓето погодени од катастрофата.

„Жителите на Мадрид со нетрпение очекуваат повторно да ве пречекаат и да ви го дадат аплаузот што го заслужувате“ – напиша Ајусо на социјалните мрежи и привлече големо влијание.

Пожарите кои беснееја минатиот месец, оставија пустош низ 17 општини во регионот, уништувајќи шуми, земјоделски површини, фарми, куќи и делови од инфраструктурата. Сега следува долг процес на обновување на екосистемот и враќање на нормалниот живот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×