Меси лично му се јавил на Модриќ: Дојди во Интер Мајами!

by riste
1 минути читање

Лука Модриќ може да биде уште една ѕвезда на Интер Мајами доколку Хрватот ја прифати понудата од Лео Меси.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Лионел Меси лично му се јавил на Лука Модриќ и го поканил да се пресели во Мајами.

Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на оваа сезона. Неговиот договор истекува на 30. јуни, но ќе биде продолжен за еден месец со цел да го фати и Светското клупско првенство.

Голема е веројатноста Модриќ да не ја игра следната сезона во Реал Мадрид, а уште е нејасно каде би можел да настапува во веројатно неговата последна сезона од кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани