Ново разочарување
за Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо, „Црвените Ѓаволи“ пропуштија победа длабоко
во судиското надополнување против Лестер.
Гостите беа на
прагот на триумф откако со двата гола на Хуан Мата се опоравија по водството на
„Лисците“, но домаќините со играч помалку во 95. минута стигнаа до 2-2.
Резултатот на
Кинг Пауер Стадионот беше отворен во 27. минута, по еден брз против напад,
Марез му асистираше на Варди за 1-0.
На пет минути до
крајот на првиот дел, Хуан Мата биеше прецизно по земја и изедначи на 1-1. Шпанецот
потоа донесе предност за гостите по еден час игра откако погоди под пречката од
слободен удар.
Работата на
гостите беше дополнително олеснета откако Амартеј за помалку од пет минути доби
два жолти картони и беше исклучен. Сепак, гостите длабоко во судиското
надополнување успеаја да го шокираат противникот.
Една нафрлена
топка успеа да ја прелеа цела одбрана на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа
остана „закован“ на гол линијата, па Мегвајер реализираше за 2-2.