Медиумите од Барселона најдоа 21 судиска грешка во корист на Реал Мадрид

by
5 минути читање

Во
последниот натпревар од Примера, Барселона ремизираше со Бетис 1-1, меч во кој
не беше признаен чист погодок за каталонскиот тим.

Весникот
„Спорт“ кој е близок до Барселона, извади листа 21 судиска грешка во корист на
Реал Мадрид во мечевите од Примера:

1. коло:
Реал Сосиедад – Реал Мадрид 0:3


недосуден пенал од Дани Карвахал при водство на Реал Мадрид од 1-0.

2. коло:
Реал Мадрид – Селта 2:1

– Алваро
Мората постигна гол од офсајд

3. коло:
Реал Мадрид – Осасуна 5:2

– Роналдо со
гол од офсајд го отвори натпреварот

– Мората
беше во офсајд при голот на Лука Модриќ за 5:0

– На
Осасуна не и беше признаен чист гол за 5:1

4. коло:
Еспањол – Реал Мадрид 0:2

– На
Серхио Рамос не му е доделен чист црвен картон при резултат 0:0

– Не е досуден
пенал од Пепе при водство на Реал од 1:0

– Не е
досуден пенал од Серхио Рамос при водство на Реал од 1:0

5. коло:
Реал Мадрид – Виљареал 1:1


Недосуден фаул од Серхио Рамос пред изедначувањето

10. коло:
Алавес – Реал Мадрид 1:4


Кристијано Роналдо изедначи од пенал кој не требаше да биде досуден

12. коло
:Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 0:3

– Роналдо
постигнува уште еден гол од пенал кој не требаше да биде досуден

13. коло:
Реал Мадрид – Спортинг Хихон 2:1

– Лукас
Васкез со глума изнудува пенал од кој Реал поведува со 1-0

14. коло:
Барселона – Реал Мадрид 1:1

– Игра со
рака на Дани Карвахал во сопствениот шеснаесетник, недосуден пенал за Барса

– Серхио
Рамос направи фаул пред да го постигне израмнувачкиот погодок

15. коло:
Реал Мадрид – Депортиво 3:2

– Серхио
Рамос избегна уште еден црвен картон, а потоа даде и гол

17. коло:
Реал Мадрид – Гранада 5:0

– Фаул од
Иско при водството од 1:0

– Бензема
во офсајд при 2:0


Неоправдано поништен гол на Гранада

18. коло:
Севиља – Реал Мадрид 2:1

– Дани
Карвахал доби пенал кој не требаше да биде досуден за водство од 0:1

– Роналдо
избегна црвен картон

19. коло:
Реал Мадрид – Малага 2:1

– Серхио
Рамос постигна гол од офсајд за водство од 2:0

Покрај овие 21 грешка во Примера, весникот „Спорт“ има список од уште 11 во другите натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани