Килиан Мбапе уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, откако со два гола во второто полувреме ја предводеше Франција до победа над Сенегал.
Со новите погодоци францускиот капитен испиша историја и стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим, оставајќи зад себе бројни легенди на „триколорите“. Во изминатиот период Мбапе беше мета на критики од дел од јавноста, но по натпреварот порача дека не се оптоварува со коментарите и дека целото внимание му е насочено кон настапите за Франција.
„Не играм за да се одмаздувам. Ако сакав да ги замолкнам сите тие критики, ќе треба да играм до 80 години. Фокусиран сум само да одиграм најдобро за мојата земја. Тоа е тоа. Целосно сум фокусиран на тоа“, изјави Мбапе.
ранцузинот со својата партија повторно беше клучниот човек на теренот и потврди дека е лидер на репрезентацијата во походот кон нов голем успех.