Рафа Мир осуден на затворска казна поради сексуален напад

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанскиот фудбалер Рафа Мир е осуден на осум години и шест месеци затвор поради сексуален напад, соопшти Покраинскиот суд во Валенсија.

Според пресудата, која сѐ уште не е правосилна и може да биде обжалена, Мир добил седум години затвор за сексуален напад и дополнителни 18 месеци за нанесување телесни повреди. Покрај затворската казна, му е изречена и забрана да ѝ се приближува на жртвата на помалку од 500 метри во период од 10 години, како и обврска да исплати вкупно 64.000 евра отштета.

Во истиот случај е осуден и фудбалерот Пабло Хара, кој доби две години и шест месеци затвор поради сексуален напад и кривично дело против моралниот интегритет.

Судот исто така нареди истрага за можно лажно сведочење поврзано со постапувањето на припадници на локалната полиција во Бетера, кои првично биле вклучени во случајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×