281
Ремито 2-2 меѓу Иран и Нов Зеланд понуди многу возбудувања на теренот, но вниманието на јавноста по натпреварот беше насочено и кон потегот на иранскиот репрезентативец Мохамад Мохеби при прославата на неговиот гол.
Мохеби го постигна израмнувачкиот погодок за 2-2 во 64. минута, а при прославата се упати кон трибините и во еден момент гестикулираше „пукање“ пиштол.
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Дел од корисниците остро го осудија потегот, оценувајќи го како несоодветен и провокативен, додека други сметаа дека станува збор за претерани толкувања и дека идентична прослава од фудбалер на друга репрезентација не би предизвикала толкав интерес.