„Росонерите“ попладнево го потврдија Рубен Аморим за нов тренер, стратегот вели дека со нетрпение чека да почне, и одблизу да ја доживее страста што го прави клубот од „Сан Сиро“ посебен.
Милан реши довербата за новиот проект да му ја укаже на Рубен Аморим, стратегот утрово го потпиша договорот, па попладнево пристигна и официјална потврда.
„Милан го именуваше Рубен Аморим за нов тренер на првиот тим“ – се вели во краткото соопштение.
„Секој тренер има соништа што го следат низ целата кариера, а водењето на Милан отсекогаш беше еден од моите најголеми предизвици“ – порача Рубен Аморим. „Свесен сум за големината на овој клуб, неговата богата историја, угледот што го има во светот и огромната поддршка од навивачите. Со голема чест и возбуда ја прифаќам оваа улога и со нетрпение очекувам да започнам со работа и одблизу да ја доживеам страста што го прави Милан посебен.“
Се говори дека Рубен Аморим на „Сан Сиро“ ќе има плата од околу 4 милиони евра, плус бонус од половина милион доколку обезбеди пласман во Лигата на шампиони, односно бонус од еден милион за освојување на Скудетото.
На оваа вест се израдува и Манчестер јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ ќе заштеди околу 10 милиони фунти од предвидените 15,9 милиони, кои беа поставени како компензција кога му врачија на отказ на Рубен Аморим на почетокот од годината.