Лидс не успеа да
издржи во битката за влез во Премиерлигата, а не успеа ниту да обезбеди место
во плејофот за влез во елитното фудбалско друштво на Англија, тимот падна во
тешка резултатска криза во вториот дел од сезоната, а имаше и жртва на клупата
на тимот од Еланд Роуд, клубот ја прекина соработката со Томас Кристиансен.
Нашиот 26 годишен
репрезентативец Езгјан Алиоски играше променливо, на 42 настапи постигна 7
погодоци, па доколку се сумира, неговите перформанси се доста позитивни
генерално гледано во неговата прва сезона на Островот.
Таму, одредени
медиуми најавуваат дека популарниот Џани ќе напредува под кормилото на Марсело
Биелса кој е нов тренер на Лидс, а токму тој даде позитивни оценки за
Македонецот по доаѓањето во клубот, истакнувајќи дека нашиот репрезентативец
дава голем допринос на теренот од тоа што го анализирал од натпреварите
одиграни минатата сезона.
„Многумина
очекуваат Биелса да игра со тројца дефанзивци во одбранбената линија,
користејќи го неговиот познат систем 3-3-1-3, нешто во што Алиоски може да се
вклопи. 26 годишниот фудбалер може да игра на повеќе позиции, и на едната, но и
на другата страна, особено како крило, но и бек. Нема сомнение во тоа дека
Алиоски е популарна фигура на Еланд Роуд, нема дилеми дека неговата форма малку
страдаше поради неговата адаптација во Чемпионшиплигата ланската сезона, но,
постојат работи кои сугерираат на тоа дека Алиоски ќе напредува под водство на
Биелса“ пишуваат на Островот.
Извор:
footballleagueworld.co.uk