Репрезентативецот на
Франција и член на ПСЖ, 19
годишниот Килијан Мбапе изминатиот летен преоден рок премина во редовите на
тимот од Париз кој следното лето ќе му плати на Монако цели 180 милиони евра.
Во изјава за „Марка“
Мбапе потврди дека преговарал со Реал Мадрид,
„Вистина е тоа дека
преговаравме, но тоа е веќе минато, како за мене, така и за Реал Мадрид“ откри
младиот напаѓач.
„Го одбрав ПСЖ бидејќи
Париз е мојот омилен град, тоа е исто како дете кое е навивач на Реал Мадрид а
да го сака Мадрид како омилен град и да бира помеѓу тој клуб или да замине во
некоја друга земја“ додаде тој.
Мбапе не крие дека во
Кристиано Роналдо имал голем идол, но тоа е минато, вели тој.
„Тој беше херој уште од
моето рано детство, беше неверојатно да го сретнам. Му се восхитував нему кога
бев мал, но тоа веќе заврши, сега ќе одам на Бернабеу да играм за својот клуб и
да победам“ рече Мбапе кој во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе има
прилика со својот ПСЖ да ги одмери силите токму со Реал Мадрид.