Килијан Мбапе во моментов е надвор од терените поради повреда, а неговиот настап во „Ел Класико“ против Барселона останува неизвесен.
Според последните информации, начинот на кој францускиот голгетер го поминува периодот на рехабилитација би можел да создаде тензии меѓу него и клубот.
Имено, Мбапе бил забележан во Италија во друштво на неговата партнерка, како за него веќе да почнал одморот по сезоната.

Дербито меѓу двата шпански гиганти е закажано за 10 мај, а речиси е извесно дека напаѓачот нема да може да настапи. Во тој натпревар, Барселона може и математички да ја обезбеди титулата.
Сепак, кога е во прашање настапот за Франција на Светското првенство, се очекува тој да не биде доведен во прашање.