174
Манчестер
јунајтед не дозволи второ изненадување за само неколку дена, избраниците на
Жозе Мурињо вечерва го победија Брајтон. На крилијата на
Лукаку и Матиќ, „Црвените ѓаволи“ триумфираа со 2-0 и се изборија за полуфинале
во ФА Купот и меч на Вембли.
Резултатот беше
отворен во 37. минута, Матиќ уфрли опасна топка во петерецот а Лукаку на
подалечната статива биеше со глава за 1-0.
Брајтон во
вториот дел се обиде да го изненади фаворитот, гостите во неколку наврати се
заканија со удари од далечина но Ромеро беше на висината на задачата.
Сите дилеми околу
победникот беа решени во 83. минута. Јанг нафрли од прекин а Матиќ скокна
највиско за 2-0.