Бааерн Минхен во вчерашниот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите одигра 1:1 против Селтик и така се пласираше во осминафиналето.
Голот за реми на Баерн го постигна Дејвис во 93. Минута од средбата. По постигнатиот гол за израмнување, Компани во последните секунди од дуелот одлучи да го уфрли во игра ветеранот Томас Милер.
Со овој потег тој го навлече бесот на навивачите, а јавно доби критики од легендарниот Лотар Матеус.
„Тоа беше големо понижување, мене ми падна жал кога видов дека го уфрла Томас да мине неколкку секунди на теренот. Станува збор за една од најголемите клупски легенди и не треба да минуа низ такво нешто. Ако сакаше да „украде“ малку време можеше да стави било кој друг од резервните фудбалери, но не и Милер. Не верувам дека и на Томас му беше сеедно, има толку многу настапи голови и ЛШ. Кога би бил на негово место сигурно би се налутил многу“, изјави Матеус.