72
Машината на Пеп Гвардиола продолжува да „меле“, попладнево нова жртва беше Вест Хем. „Граѓаните“ беа извонредни на гостувањето во Лондон и славеа со 1-4.
Сане го отвори резултатот во 13. минута, а со автоголот на Забалета, Сити поведе со 0-2. Кресвел на крајот од првиот дел намали на 1-2, но потоа следуваа две одлични акции на стартот од второто полувреме. Најпрво Жесус на асистенција на Стерлинг зголеми на 1-3, а потоа Стерлинг му додаде на Фернандињо за 1-4.
Со овој триумф, Манчестер Сити го изедначи рекордот на Сити од 30 победи во една сезона, како и 15 победи на гости. На три кола до крајот, пред „Граѓаните“ сега е рекордот за најмногу погодоци (103, а тие имаат 102) и најмногу бодови (95, тие имаат 93).