Марсијал одбил понуда од Манчестер јунајтед за продолжување на соработката, францускиот играч не е задоволен од минутажата што ја добива и сака да отиде во клуб каде ќе биде стандарден првотимец.
Интерес за него има од Јувентус, ПСЖ и Атлетико Мадрид. Раководството на Јунајтед ќе направи уште неколку обиди да го задржи бидејќи потенцијалот кај 22-годишниот играч е голем, но Марсијал ќе го има последниот збор.
Случна е ситуацијата и со Маркус Рашфорд за кого се пишува дека ќе замине доколку Мурињо остане.
И покрај тоа што ги даде двата гола во дербито против Ливерпул, Рашфорд влезе во финишот од пресметката против Манчестер Сити.
Жозе Мурињо има слатки маки, Манчестер јунајтед како опции во офанзивата ги има Лукаку, Рашфорд, Лингард, Марсијал, Мата, Санчез, па Португалецот кои и да ги одбере, другите ќе бидат незадоволни.
Екстра понуда од 10Bet: 50% бонус до 200 Евра
Обложувај се онлајн, регистрирај се ТУКА!