Марсело призна: Тоа беше пенал

by
1 минути читање

Турскиот арбитар
Чунејт Чакир се најде на удар на фудбалската јавност по тоа што не досуди
најстрога казна за Баерн Минхен во реванш пресметката со Реал Мадрид во
полуфиналето од Лигата на шампионите.

Во самиот финиш
на првото полувреме при резултат 1-1, Марсело играше со рака во казнениот
простор на домаќините, а то го регистрираа и камерите на кои јасно се гледа
дека Бразилецот играше со рака, тоа го признава и самиот тој.

Тоа беше играње
со рака, топката ме погоди во рака и мислам дека беше пенал
“ рече тој.

Доколку кажам
дека топката не ме погоди во рака, би излажал, тоа е фудбалот…
“ додаде
Бразилецот.

Реал Мадрид
вечерва ќе го дознае својот противник во финалната битка за одбрана на европскиот
трофеј, откако Рома на домашен терен ќе ја одигра реванш пресметката со
Ливерпул, по домашниот триумф од 5-2 за англискиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани