70
Фудбалерите на Јунајтед одиграа 11 натпревари од почетокот на декември и малата пауза која сега ја имаат Мурињо реши да ја искористи за релаксација и мини подготовки во Дубаи.
Маркос Рохо преку инстаграм стори се пофали со своите „Гучи“ папучи од кенгурско крзно вредни 675 фунти.
„Потребно е да се опоравиме но во исто време и да тренираме, бидејќи за овој луд период немавме многу време да работиме на деталите на кои треба да работиме“, изјави Мурињо пред патувањето во Дубаи.
„Ако имаме време, убава наедела за опоравување на некои повредени и уморни фудбалери, во исто време да поработиме на некои тактички детали, тоа би било добро за вториот дел од сезоната“.