214
Ријад Марез во
периодот кој претстои треба да стане првото засилување за овој летен преоден
рок за Манчестер Сити, според пишувањата на Островот.
Пеп Гвардиола
стори се’ што можеше
претходно за да го доведе Алжирецот во своите редови, но, во јануарскиот
преоден рок таа идеја пропадна откако Манчестер Сити и Лестер на крајот не
успеаа да се договорат околу обештетувањето, па настана големо разочарување кај
најдобриот фудбалер во Премиерлигата за 2016.
На Островот се
шпекулира дека Лисиците се согласиле за сума
од околу 75 милиони фунти која шампионот на Англија е подготвен да ја издвои.