Тренерот на Челси, Енцо Мареска вели дека не им недостасува Жоао Феликс, откако на Португалецот му беше дозволено да се пресели на позајмица во Милан во последните денови од зимскиот преоден рок.
Минатото лето, „сините“ инвестираа 50 милиони евра во ангажман на Жоао Феликс, на Португалецот му дадоа седумгодишен договор, но по само шест месеци тој го напушти клубот.
Во последните денови од зимскиот преоден рок, Жоао Феликс се пресели на позајмица во Милан.
Енцо Мареска постојано велеше дека нема ништо против играчот, но испрати брутална провокација по синоќешниот натпревар против Брајтон.
„Не ни недостасува Жоао Феликс“ – рече тренерот на „сините“ откако му беше посочено дека останале покуси во нападот по повредите на Николас Џексон и Марк Гиу.