„Ѓаволите“ работат на нов напад за сезоната 2025/26, па откако го договорија Матеуш Куња од Вулверхемптон, тргнуваат по потписот на Брајн Мбеумо од Брентфорд.
Рубен Аморим ќе треба да промени многу работи за Манчестер јунајтед да атакува на врвот во Премиерлигата и враќање во Европа, и еден од приоритетите е засилување на нападот.
Клубот од Олд Трафорд веќе го договори Матеуш Куња од Вулверхемптон, кој треба да пристигне во зделка вредна околу 62,5 милиони фунти.
Како што пренесува „Толкспорт“, следна желба на „ѓаволите“ е брајан Мбеумо од Брентфорд.
Репрезентативецот на Камерун имаше фантастична сезона со 20 погодоци во Премиерлигата, па го привлече вниманието на неколку клубови.
Неговиот договор е до јуни 2026 (со опција за додатни 12 месеци), па Брентфорд тешко дека ќе може да одолее на понудите, ова неодамна го потврди и тренерот Томас Франк.
„Јасно ми е дека има голем интерес за него и со право другите клубови треба да бидат заинтересирани за него – се наоѓа во најдобри години и постигна 20 погодоци“ – вели предводникот на Брентфорд.
„Би сакал да го задржиме, но ние сме клуб кој продава и доколку некој достави вистинска понуда…“
Се шпекулира дека Брентфорд бара околу 50 милиони фунти за разделба со својот најдобар играч оваа сезона.
ФОТО: X/Brentfordfc