Манчестер јунајтед сака рано да заврши голема работа и со 100 милиони да донесе две засилувања

by bojan
1 минути читање
Аморим

„Ѓаволите“ ги идентификувале Лиам Делап од Ипсвич и Матеуш Куња од Вулверхемптон како главни приоритети во летниот преоден рок и планираат со 100 милиони евра да ја завршат работата уште во јуни месец.

Џошуа Зиркзе и Расмус Хојлунд се мачат цела сезона во нападот, па Манчестер јунајтед и Рубен Аморим како приоритет во летниот преоден рок имаат ангажман на нови офанзивни фудбалери.

Вчера се појавија написи кои велеа дека „ѓаволите“ веќе се договориле со Матеуш Куња од Вулверхемптон, а последните информации велат дека клубот од Олд Трафорд сака да го донесе и Лиам Делап од Ипсвич.

И не само тоа, Манчестер јунајтед сака што поскоро да ги комплетира овие зделки, односно на почетокот од јуни месец.

Лиам Делап има откупна клаузула од 35 милиони евра (30 милиони фунти) додека пак Матеуш Куња има откупна клаузула од 73 милиони евра (62,5 милиони фунти).

Па „ѓаволите“ планираат да инвестираат над 100 милиони евра за Рубен Аморим да добие нова офанзива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани