Манчестер јунајтед на добар пат да го донесе првото засилување – напаѓач од 73 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед е на добар пат да го донесе првото засилување за сезоната 2025/26, на Олд Трафорд ќе пристигне Матеус Куња од Вулверхемптон.

„Ѓаволите“ летоска ќе се обидат да склопат тим по мерак на тренерот Рубен Аморим и ќе има големи промени во составот.

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед е на добар пат да го донесе првото засилување за сезоната 2025/26, на Олд Трафорд ќе пристигне Матеус Куња од Вулверхемптон.

Се говори дека Бразилецот се сложил на трансфер на „Театарот на соништата“ и „ѓаволите“ сега ќе треба да ја активираат неговата откупна клаузула од 73 милиони евра (62,5 милиони фунти).

Манчестер јунајтед во бележникот има уште неколку имиња за засилување на офанзивата како Лиам Делап од Ипсвич, Чави Симонс и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг, Еберечи Езе од Кристал Палас, Антонио Семењо од Борнмут и Виктор Осимен од Наполи.

Но пред да се направат дефинитивни планови за летниот преоден рок, Манчестер јунајтед ќе треба да почека да види дали ќе биде обезбеден настап во Лигата на шампиони преку триумф во Лига Европа, очигледно, буџетот ќе биде многу поголем со учество во најелитното европско натпреварување.

„Ѓаволите“ исто така се подготвени да се разделат со играчи како Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони, Касемиро и Алехандро Гарначо со цел да се приберат што е можно повеќе пари за засилување на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани