68
Тешка недела за
Арсенал и Арсен Венгер, по поразот од 0-3 во финалето на Лига Купот, вечерва
добија нова лекација од Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“
станаа првиот тим кој на „Топчиите“ им дале три гола во првото полувреме на
натпревар од Премиерлигата.
Новиот дебакл го
најави Бернанрдо Силва во 15. минута, Португалецот маестрално пласираше во аголот
за 0-1. Потоа следуваше нова одлична акција на гостите која Силва ја
реализираше за 0-2, а само пет минути подоцна Сане рутински ја затресе мрежата
по еден брз против напад.
На стартот од
вториот дел Арсенал колку толку можеше да се врати во игра, но Обамејанг не
реализираше пенал.