58
Манчестер Сити уште
еднаш покажа и докажа дека за него нема достоен ривал сезонава во битката за
титулата во англиската Премиерлига откако во последниот меч за денеска во 27
коло славеше над Лестер.
Тимот на Гвардиола му
нанесе тежок пораз од 5-1 на гостинот кој иако израмни и се врати резултатски
на мечот, потоа само го предизвика.
Стерлинг по само три
минути игра ги доведе во водство домаќините од 1-0, израмни Варди во 24.
минута.
Второто полувреме го
одбележаа четирите погодоци на Агуеро кој беше енигма за поранешниот првак на
Англија.