65
Треба ВАР технологија и во Лигата на шампионите, на Манчестер Сити му беше поништен чист погодок во финишот од првото полувреме.
Кариус боксуваше една топка, таа се одби од Милнер и дојде до Сане кој постигна гол, но помошникот го крена знаменцето.
И ќе беше офсајд бидејќи Сане беше сам пред последниот играч на Ливерпул кој во ситуацијава се смета како голман во вообичаена офсајд позиција, но топката кон него беше упатена од Милнер а не од играч на Манчестер Сити.