68
Манчестер јунајтед во моментов е лидер на табелата со 12 бодови, Базел и ЦСКА Москва имаат по девет.
Базел вечерва игра во Лисабон кај Бенфика која има нула бодови. Доколку Базел и ЦСКА Москва вечерва победат, заедно со Јунајтед ќе имаат по 12 бодови.
Доколку се формира табела помеѓу сите три екипи, тие би имале исто бодови и од меѓусебните дуели, па во таков случај гол разликата ќе одлучува.
Математиката вели дека за Манчестер јунајтед да биде елиминиран ЦСКА Москва треба на Олд Трафорд да победи со 7-0, а тоа секако би било најголемото чудо во историјата на Лигата на шампионите.
Поради тоа Жозе Мурињо и вечерва повеќе ќе размислува на престојното дерби со Манчестер Сити отколку на вечерашниот дуел со ЦСКА Москва.