Манчестер јунајтед ќе издвои 50 милиони евра за првото засилување ова лето

by
1 минути читање

Бразилецот Фред
од украински Шахтер ќе биде нов фудбалер на Манчестер јунајтед од претстојниот
летен преоден рок, а тој би можел да биде помеѓу првите опции на Жозе Мурињо во
средниот ред на тимот од Олд Трафорд, заедно со Матиќ и Погба.

Манчестер
јунајтед имаше сериозни намери да го доведе во своите редови Сергеј
Милинковиќ-Савиќ од Лацио, но, италијанскиот клуб нема намера да се ослободи од
услугите на Србинот за сума помала од 100 милиони евра.

Фред е на
списокот на фудбалери на Бразил за претстојниот Мундијал во Русија идниот
месец, а Манчестер јунајтед за неговите услуги на Шахтер ќе му исплати 50
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани