132
Севиља одигра без голови
на домашен терен против Манчестер јунајтед, додека пак Шахтјор со пресврт
славеше во дуелот со Рома пред своја публика од 2-1.
Возбудливо беше на мечот
во Шпанија, но тој беше единствениот меч во осминафиналето кој заврши без
погодоци, домашниот тим беше многу подобар, доминираше во текот на мечот а
гостите можат да бидат задоволни со ова реми.
На вториот меч за
вечерва Шахтјор имаше почетна негатива откако Рома прва со голот на Ченгиз
Андер во 41. минута дојде до предност.
Во второто полувреме
Фереира во 52. минута и Фред во 71. минута донесоа победа од исклучителна
важност за украинскиот тим во пресрет на реванш пресметката во Рим.