Манчестер јунајтед го продава Касемиро во Саудиска Арабија, замената ќе му ја бара во Бенфика

by bojan
1 минути читање
Касемиро

Повторно се вратија шпекулациите за трансфер на Касемиро во Саудиска Арабија, Ал Наср е подготвен да понуди 40 милиони евра за услугите на Бразилецот, а како негова замена се споменува Жоао Невеш од Бенфика.

Касемиро во последно време често е критикуван за партиите кои ги прикажува, особено се најде на мета по тешкиот пораз од 4-0 на гостувањето кај Кристал Палас.

Па повторно почнаа да кружат гласини за негов трансфер во Саудиска Арабија, наводно Ал Наср е подготвен да плати 40 милиони евра за услугите на Бразилецот.

Исто така се говори дека „ѓаволите“ на ум веќе имаат замена, го посакуваат талентираниот Жоао Невеш од Бенфика.

Клубот од Олд Трафорд е подготвен да инвестира околу 100 милиони евра за да стигне до потписот на 19 годишниот Португалец, кој важи за еден од најперспективните играчи во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани