Манчестер јунајтед и Саутемптон одиграа возбудливо финале со пет голови и повеќе возбудувања по кое се радуваа „црвените-ѓаволи“.
Резултатот беше отворен во 19. минута кога Златан Ибрахимовиќ со убав гол од слободен удар му донесе водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
По една одлична акција на фудбалерите на Јунајтед, Лингард го зголеми резултатот на 2-0.
Но за работите да бидат поинтересни се погрижи Габијадини кој постигна гол пред крајот на првото полувреме и го врати Саутемптон во игра.
Брзо по стартот на вториот дел нов шок за Манчестер јунајтед, Габијадини постигнува уште еден гол за израмнување на 2-2.
Кога се чинеше дека мечот ќе замине во продолженија, на сцена стапи Ибрахимовиќ, кој погоди со глава во 87. минута за 3-2 и трофеј на Манчестер јунајтед во Лига Купот.
Ова е втор трофеј на Манчестер јунајтед под водство на Жозе Мурињо доколку се земе во предвид и освоениот Комјунити Шилд на почетокот од сезоната.