Македонските надежи подобри од Бугарија

by
0 минути читање

Македонските надежи доминираа во текот на целиот натпревар, создадоа неколку шанси за гол а искористија една.

Клучниот момент се случи во 43. минута кога по убава асистенција на Ѓорѓев, Радески се најде сам пред противничкиот голман и лесно реализираше за водство од 1-0 кое значеше и победа.

Во 86. минута беше досуден пенал за Македонија, но ударот на Петар Петковски го одбрани бугарскиот голман.

Бугарија беше во подредена улога се до финишот од мечот кога се закани неколку пати, но одбраната на Македонија беше на потребното ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани