161
За еден бод повеќе Грузија е таа која ќе биде во четвртиот шешир, а ние во петтиот при ждрепката за квалификациите. Тој бод ќе значеше и дека ќе го одбегнеме Косово во полуфиналето и ќе играме против Белорусија.
Покрај нас во петтиот шешир се уште и Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казакстан, Молдавија, Гибралтар и Фарските Острови. Овие селекции не можат да ни бидат противници.
Ќе бидат формирани десет групи, од кои пет со по шест репрезентации во нив и пет со пет. Првите две селекции од групите ќе обезбедат пласман на Европското првенство.
Ждрепката ќе се одржи на 2. декември во Даблин, Република Ирска. Квалификациите е предвидено да траат од март до ноември 2019 година.