129
Селекцијата на Благоја Милевски на 24. март ќе игра против Црна Гора, а четири дена подоцна ќе се сретне со Бугарија. Натпреварот против Грузија е закажан за 4. јуни.
„Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97 ќе им се спротивстават на црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.