Македонија остана на 68 место на фифа ранг листата

by
1 минути читање

Нашите фудбалери
годинава одиграа вкупно осум натпревари во сите конкуренции, на кои забележаа
еден пораз, две ремија и пет победи, иако годинава ја почнавме на 76 место,
истата ја завршуваме на 68 место на ранг листата на ФИФА, со освоени 1343
бодови.

Откако успешно ја
минаа првата фаза од Лигата на нации, избраниците на Игор Ангеловски освен настапите
во завршната фаза од тоа натпреварување, се во мислите и за квалификациите за
Европското првенство, прв противник е Летонија со која играме на домашен терен
во март идната година.

Како за потсетување, во полуфиналето од нашата лига во Лигата на нации, за противник го имаме тимот на Косово со кого ќе ги одмериме силите во март идната година.

На врвот нема
промени, прва е Белгија, а по неа следи освојувачот на Светското првенство кое
годинава се одржа во Русија, Франција, Бразил ја комплетира водечката тројка на
фифа ранг листата, а по нив следат Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај,
Швајцарија, Шпанија и Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани