114
Косово на убедлив начин го завери пласманот во полуфиналето од Лигата на Нации. Херој им беше Зенели кој постигна хет-трик, еден гол беше дело на Рахмани.
Тоа значи дека Македонија ќе го пречека Косово во борбата за финалето од Лига Д во Лигата на нации, тие ни се претпоследната пречка до Европското првенство.
Мечот меѓу Македонија и Косово ќе се одигра во март 2020 година.
Косово со освојување на првото место во третата група обезбеди и пласман во Лига Ц за наредната сезона во ова натпреварување.