Македонија има нов пад на ФИФА ранг листата, нé стигна и Косово

by
1 минути читање

Македонија бележи нов пад на ФИФА ранг листата, овој пат назадувавме за три позиции и дојдовме до засега најлошото за нас 165. место.

За тоа во кој правец се движи нашиот сениорски репрезентативен фудбал говори фактот што селекцијата на Косово дојде рамо до рамо со нас.

Од следниот месец Македонија ќе почне со нови натпревари, па фудбалерите ќе имаат можност да го подобрат пласманот, бидејќи не сакаме да веруваме дека може и полошо од ова.

Од селекциите кои се наоѓаат во нашата квалификациска група послаб е само Лихтенштајн кој е на 178. место. Најдобра е селекцијата на Шпанија која е десетта, Италија е 15., Албанија е на 55. место, додека Израел е 60.

На врвот и понатаму е Аргентина а меѓу најдобрите десет се и Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани