Македонската репрезентација дојде до планираните три бода од Лихтенштајн, победи со 2-0, доминиравме во текот на целиот меч а головите паднаа во второто полувреме.
Македонија го диктираше натпреварот од првата минута, во првиот дел имавме неколку полушанси, Лихтештајн се бранеше, а нивниот бункер тешко го разбивавме.
По четири минути игра во второто полувреме Пандев доби жолт картон, а тоа значи дека тој нема да може да игра против Гибралтар и на тој меч да дојде до својот 100. настап за македонската репрезентација.
Минута подоцна опасен старт на Висер врз Пандев пред шенсаесетникот на Лихтенштајн, домашниот фудбалер доби втор жолт картон и беше исклучен, а слободниот удар беше идеален за Барди.
Енис Барди прекрасно го префрли живиот ѕид и ја смести топката во мрежата на Бухел за водство на Македонија од 1-0.
Горан Пандев имаше одлична можност да го зголеми водството но неговиот волеј удар заврши во стативата од голот на Лихтенштајн.
По една одлична акција во судиското надополнување, Македонија зголеми на 2-0, Пандев го проигра Трајковски кој асистираше до Несторовски а тој од непосредна близина лесно ја затресе мрежата на домаќините и го постави конечниот резултат.
Во вториот натпревар од нашата група Ерменија со 6-2 славеше на гостувањето кај Гибралтар.
Последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации го играме во понеделник кога во Скопје го пречекуваме Грибралтар. Од тој натпревар ни е потребен бод за да го завериме првото место, но мора да одиме на победа за да бидеме меѓу двете најдобри првопласирани во Д лигата и полуфиналето да го играме на свој терен.
Фото: ФФМ