Македонија до 16 години по пенали поразена од Црна Гора на турнирот „Миљан Миљаниќ“

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на воведниот натпревар од турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија. Двете селекции одиграа 2-2 во регуларниот дел, а противникот се радуваше на победа по изведувањето пенали (2-4).

Нашата надежна репрезентација уште во првата минута имаше одлична шанса за отворање на резултатот. Велески не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ со противничкиот голман. Во 15. минута повторно не искористивме стопроцентна можност за водство. Крстевски одлично го проигра Велески, но голманот на Црна Гора повторно беше поуспешен.

Во 19. минута Никола Вукоје донесе предност за Црна Гора, но само четири минути подоцна, Марин Крстевски по соло-акција израмни на 1-1. Во 51. минута Лука Вушуровиќ повторно ја доведе Црна Гора во водство, а Крстевски и Полимац пропуштија одлична можност за израмнување во 79. минута. Сепак, Михајло Павлов од пенал во 87. минута погоди за конечни 2-2.

Во пенал-серијата поуспешни беа фудбалерите на Црна Гора, кои славеа со 4-2.

Стрелци:
1:0 – Никола Вукоје 19’, 1-1 – Марин Крстевски 23’, 2-1 – Лука Вушуровиќ 51’, 2-2 – Михајло Павлов (пен.) 87’

Црна Гора: Симон Сошиќ, Урош Јошановиќ, Никола Калуѓеровиќ (46. Амар Суљевиќ), Давид Ивановиќ, Иван Килибарда, Милош Лаковиќ (46. Андрија Павиќевиќ), Лука Вушуровиќ (74. Лазар Булатовиќ), Немања Кљајевиќ, Никола Милачиќ (74. Стефан Пејовиќ), Данило Кисиќ (84. Матија Бјелетиќ), Никола Вукоје (46. Алекса Цаушевиќ).
Селектор: Радован Каваја.

Македонија: Илан Мехмети, Михајло Павлов, Матеја Масев, Амар Акики (од 74. Филип Ѓорѓиоски), Александар Полимац, Дардан Адеми (74. Ејсер Фетаи), Стефан Ристиќ (65. Огњен Јаков), Огњен Сивевски (85. Благојче Седлоски), Марин Крстевски, Илија Аксентиев, Адријан Велески (65. Боби Недановски).
Селектор: Иљами Исеини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×