Македонец успеа да го прелаже Рајола: Ибра во Кина можел да заработува 100 милиони долари, во Галакси само 3 милиони

by
2 минути читање

Напаѓачот
минатиот месец стави крај на престојот во Манчестер јунајтед за да започне
авантура во САД. Златан Ибрахимовиќ го одбра Лос Анџелес Галакси, а за оваа
зделка голема заслуга има Македонецот Јован Кировски, кој е технички директор
на франшизата од градот на ангелите.

Јован Кировски за
Спортс Илустрејтед открива дека за прв пат остварил контакт со Златан
Ибрахимовиќ кога Швеѓанецот бил дел од ПСЖ, и се сретнал неколку пати со
фудбалерот во Европа ( во Париз и Манчестер), а биле остварени и неколку средби
во Лос Анџелес. Пред четири месеци, Златан му признал на Кировски дека доаѓа во
Галакси.

Најтежок дел од
зделката бил да се убеди Мино Рајола, контроверзниот агент кој е познат по големите
провизии кои ги обезбедува. Златан Ибрахимовиќ на маса имал пребогата понуда од
Кина, и договор вреден 100 милиони долари. ЛА Галакси можеше да му понуди две
годишен договор вреден само 3 милиони долари.

МЛС има строги
правила за платите, исклучок може да се направи за неколку играчи, но овие
места веќе беа пополнети. Кога Кировски му кажал на Рајола дека максимум што
можат да му понудат на Ибра е 3 милиони долари, Мино му рекол: „Дали си
сериозен?“.

Сепак, самиот Златан на крајот одлучил дека не му се потребни пари во овој дел
од кариерата. Кировски исто така им се заколнал на медиумите дека спонзорите на
Галакси немаат „договор под маса“ со Швеѓанецот за да се компензира малата
плата.

„Се можеше да се
случи. Пред две недели официјално стави потпис на договорот. Потоа лесно можев
да дишам“
– вели Македонецот.

Јован Кировски кој е роден во Калифорнија, но има потекло од Македонија, е поранешен репрезентативец на САД кој кариерата ја заврши токму во ЛА Галакси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани