„Баварците“ со
победа го започнаа вториот дел од сезоната во Бундеслигата, вечерва на стартот
од 18. коло со три бода си заминаа од гостувањето на Бај Арена.
Резултатот го
отвори Хави Мартинез во 32. минута, Шпанецот најдобро се снајде во една
мешаница по корнер од десната страна.
По еден час игра,
Рибери зголеми на 0-2. Една брза контра на „Баварците“, Французинот успешно ја
реализираше со соло пробив по левата страна.
Фоланд најави
интересна завршница откако со голема доза на среќа ја затресе мрежата на Беарн за 1-2 во 70. минута,
но сите дилеми околу победникот ги реши Хамес Родригез.
Колумбиецот во
91. минута погоди од слободен удар од врвот на шеснаесетникот. Неговиот удар
беше толку прецизен што ниту два голмани не го бранеа.