Медиумите од Италија пренесуваат дека Мајк Мењан упатил закана до Милан, голманот порачал дека нема намера да стави потпис на нов договор и следното лето беспари ќе го напушти Сан Сиро доколку не биде продаден на Челси во следните недели.
Челси минатата недела тргна по потписот на Мајк Мењан, но првата понуда од 15 милиони евра беше веднаш одбиена.
Се шпекулира дека „росонерите“ бараат околу 24 милиони евра, но очигледно ќе треба да ја намалат оваа сума откако добиле закана од Мајк Мењан.
Голманот го известил Милан дека нема шанси да стави потпис на нов договор, па тие треба да одлучат дали нешто ќе заработат ова лето, или беспари ќе го изгубат следното лето.
Двата клуба сега ќе имаат нова рунда преговори, се верува дека компромис може да биде пронајден за трансфер од 18-20 милиони евра.