Маестрален трансфер потег: Интер го продаде Онана за богатство, а го купи Зомер за „трошки“!

by riste
1 минути читање

Партијата на Јан Зомер против Барселона уште еднаш потсетува на фантастичниот пазар кој го направи Интер на голманската позиција. Голманот беше прогласен за играч на мечот.

Зомер имаше неколку неверојатни интервенции, беше најдобро оценет играч на Интер во реваншот од полуфиналето против Барселона, огромен дел од заслугите за финалето одат на негова адреса.

По ваквиот перформанс на Зомер и втората лоша сезона на Онана во Манчестер Јунајтед, неминовно е да се потсетиме на овој одличен трансфер потег на Интер.

Интер му го продаде Онана на Манчестер Јунајтед за повеќе од 50 милиони евра, а од Баерн Минхен го купи Јан Зомер за само шест милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани