За Манчестер јунајтед остана уште ФА Купот за да освои трофеј оваа сезона, синоќа го победија Брајтон во четвртфиналето со 2-0, а првиот гол го постигна Лукаку.
Во Лигата на шампионите Јунајтед доживеа изненадувачка елиминација од Севиља, а во Премиерлигата тимот на Мурињо е далеку зад градскиот ривал.
Лукаку очекува нови големи имиња да пристигнат на Олд Трафорд во летниот преоден рок и тимот да биде многу посилен во следната сезона.
„Ние сме Манчестер јунајтед и ќе напредуваме секоја година, знам дека многу фудбалери, многу добри фудбалери ќе дојдат следното лето. Тоа е сигурно“, изјави Лукаку.
„Следната година треба да се обидеме да освоиме трофеи, па и јас и тренерот сме задоволни што ќе може да го подобриме тимот“.