Билети за финалето на Светско првенство во фудбал, кое ќе се одигра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ достигнаа астрономски цени И на официјалната платформа на ФИФА за препродажба се продаваат и за повеќе од 2 милиони долари по билет.
Имено, во моментов се достапни четири седишта за финалниот натпревар, а цената за секое изнесува неверојатни 2.299.998 долари.
Доколку некој би ги купил сите четири билети, тоа би го чинело дури 9,2 милиони долари. Сепак, постојат и „попристапни“ опции. Во истиот сектор, зад еден од головите, билет може да се најде за 16.098 долари.
Иако ФИФА не ги контролира цените што ги поставуваат продавачите на платформата, организацијата зема провизија од 15 отсто и од продавачот и од купувачот. Така, од продажба на само еден билет од 2,3 милиони долари, ФИФА би можела да заработи речиси 600.000 долари, со оглед на тоа што нивниот процент веќе е вклучен во прикажаната цена.
Да потсетиме, на претходните мундијали, цените на билетите во препродажба беа ограничени на нивната номинална вредност.
Im Millionenbereich! Irre Preise für WM-Finaltickets 🤯👇#SkySport #WM2026 https://t.co/4QOftoX4GM
— Sky Sport News (@SkySportNews) April 24, 2026