Роберто Фирмино на
дуелот против Саутемптон на гостински терен (0-2) стигна до бројката од 20
погодоци оваа сезона, а тие „дебело“ ги наплатува од клубот.
Познати се неговите луди
бонуси во договорот со Ливерпул каде има неделна плата од 68,085 фунти.
За секој од првите пет
погодоци добиваше по 25,000 фунти, 45,000 фунти за неговите погодоци помеѓу
бројката од шест и десет, од 11 до 15 тој имаше бонуси од по 65,000 фунти, а
над таа бројка штом ја надмине, а ја надмина, сега заработува по 85,000 фунти.
Додатно на тоа, има
бонус од 31,000 фунти за асистенција, па доколку се сумира неговата асистенција
во голот на Салах, практично и неговиот гол во победата на Ливерпул, вкупно
само од мечот на „Сент Мери“ од бонуси заработил 184,085 фунти.