Лудило во Мадрид, билет за мечот Реал – ПСЖ достигна цена до 24.080 евра! (ФОТО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид нема шанси да го одбрани трофејот во Примера, а испадна и од Купот на Шпанија, единствена шанса да ја спаси сезоната е преку Лигата на шампионите, но таму за противник уште во осминафиналето го има силниот тим на ПСЖ.

Мадридскиот весник „Марка“, пренесува една интересна сторија. Цената на билетите за овој меч во препродажба достигнале цена и од 24.080 евра!

За помалку од 37 минути билетите кои биле пуштени во продажба биле продадени, официјални влезници повеќе нема, можат да се купат само во препродажба. А таму се видени цени од 300 до неверојатни 24.000 евра.

Но, со цел да се заштитат од препродавање на влезниците од Реал Мадрид соопштија дека гледачите ќе можат на стадионот да влезат само со купени онлајн влезници покажани на мобилен телефон и картите нема да можат да се принтаат.

Само со влезница симната на мобилниот телефон на која е видлива регуларната цена ќе може да се влезе на мечот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Но, досега секогаш се продавале и купувале влезници на црно, продавачите и купувачите наоѓале начини како да ги избегнат правилата, па останува да видиме дали така ќе биде и овој пат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани