Луд финиш на Енфилд, Тотенхем со помош на судиите се спаси од пораз против Ливерпул (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Уште во третата минута Салах постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0 и најави интересен натпревар на Енифлд.

Но, потоа мрежите мируваа дури до 80. минута кога нововлезениот Ванјама со вистинско торпедо во 80. минута го изедначи резултатот на 1-1.

Во 87. минута Ливерпул доби пенал, Хари Кејн шутираше по средината на голот, Кариус го одбрани неговиот удар и не дозволи водство на Тотенхем.

На почетокот од судиското продолжение Салах направи мајсторски потег во шеснаетникот на Тотенхем и со фантастичен гол му донесе ново водство на Ливерпул. Во тие моменти се мислеше дека победникот е решен, но не беше така.

Во последните секунди од мечот Тотенхем доби пенал. По асистенција од помошникот беше досудена најстрога казна за гостите, повторените снимки покажаа дека не беше пенал. Хари Кејн повторно ја превзема одговорноста и овој пат не погреши, го постави конечниот резултат од 2-2.

По завршувањето на мечот Клоп и неговите соиграчи со право беа фрустрирани од делењето на правдата на овој меч. На Премиерлигата и е потребна ВАР технологија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани