Само пет гола бележиме
по првото полувреме на осумте вечерашни средби, од кои два се на дербито во
Минхен, каде Баерн на домашен терен го пречекува ПСЖ во директната битка за
првото место од групата „Б“.
Баерн Минхен има водство
од 2-0 со головите на Левандовски во 8., односно Толисо во 37. минута на мечот.
Со ова, Баварците се на
прагот да реализираат чудо, потребна им е победа од четири гола разлика за да
го преземат лидерското место во оваа конкуренција, откако претходно на
гостувањето кај ПСЖ загубија со 3-0. И двете екипи имаат моментално по 15
бодови.
Од останатите
натпревари, Базел со голот на Елионуси во 5. минута има водство на гостувањето
кај Бенфика со 0-1. Иако ЦСКА Москва води кај Манчестер јунајтед минимално со
0-1 со голот во финишот од првиот дел на Џагоев, Базел поради гостинската
победа од 0-2 кај рускиот претставник, односно домашниот пораз од 1-2 од истата
екипа, и покрај тоа што има идентичен број бодови (12) засега е на втората
позиција од групата и така ќе остане доколку победи вечерва.
Јувентус пак засега ја
оправдува фаворитската улога и води минимално со 0-1 кај Олимпијакос со голот
на Квадрадо во 15. минута, во групата каде Спортинг Лисабон игра нерешено без
голови кај Барселона. Евентуална победа за Јувентус ќе му го загарантира
второто место во оваа конкуренција. Спортинг Лисабон очекува кикс на европскиот
вицепрвак и чудо/победа против Барселона за да патува во осминафиналето.
Без голови е на дербито
на вечерта во дуелот помеѓу Челси и Атлетико Мадрид каде гостите во невозможна
мисија за второто место во групата, треба да слават во Лондон, но истовремено
очекуваат и кикс на Рома која моментално има идентичен резултат против Карабах
пред своја публика.
РЕЗУЛТАТИ И ГОЛОВИ ОД
ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ:
Група „А“
Манчестер јунајтед –
ЦСКА Москва 0:1 (Џагоев
45’)
Бенфика – Базел 0:1 (Елионуси 5’)
Група „Б“
Баерн Минхен – ПСЖ 2:0 (Левандовски 8’, Толисо 37’)
Селтик – Андерлехт 0:0
Група „Ц“
Челси – Атлетико Мадрид 0:0
Рома – Карабах 0:0
Група „Д“
Барселона – Спортинг
Лисабон 0:0
Олимпијакос – Јувентус 0:1
(Квадрадо 15’)