Вечерва со
почеток од 20 часот и 45 минути се играат двете реванш пресметки од
четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите.
Манчестер Сити
има „ѓаволски тешка“ задача да ја анулира предноста на Ливерпул од 3-0 по
првата средба на „Енфилд“, па ќе мора да фрли се’ на една карта вечерва на арената „Итихад“.
Манчестер Сити:
Едерсон; Волкер, Отаменди, Лапорт, Делф; Де Брујне, Фернандињо, Силва; Стерлинг, Агуеро и Сане.
Шефот на
стручниот штаб на домаќините, Пеп Гвардиола ќе биде без Менди и Стоунс кои се
повредени, а Данило е под знак прашалник. Под закана за суспензија од жолти
картони се Данило, Де Брујне, Фернандињо, Жесус, Гандоган и Отаменди.
Ливерпул: Кариус; Александер-Арнолд, Ван Дајк, Ловрен, Робертсон;
Окслејд-Чемберлејн, Вајналдум,
Милнер; Мане, Фирмино и
Салах.
Хендерсон е
суспендиран, Џан, Гомез, Лалана и Матип се повредени.
Под знак
прашалник е Салах, како и Морено и Робертсон, последниов, е под закана за
суспензија.
Рома исто има
тешка задача, откако на Камп Ноу на гостински терен беше поразена со 4-1 од
Барселона.
Рома: Алисон; Бруно Перес, Манолас, Фацио, Коларов; Пелегрини, Де Роси, Наинголан; Флоренци, Џеко и Ел Шарави.
Не се во комбинација
за настап поради повреда Карсдорп како и Пероти, неизвесен е Ченгиз Андер, под
закана за суспензија се Манолас и Пероти.
Барселона:
Тер Штеген; Роберто, Пике, Умтити, Алба; Паулињо, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста; Суарез и Меси.
Вон комбинација
за настап е Диње, а доколку добие опомена, ќе биде суспендиран Роберто.
Извор:
uefa.com