Дербито на вечерта се
игра во Лондон каде Челси на домашен терен го пречекува Атлетико Мадрид.
Челси не смее да загуби
ако сака да го сочува првото место во групата, а од друга страна само победа е
во мислите на Атлетико Мадрид доколку сака прогрес во осминафиналната рунда, но
ќе чека и кикс на Рома против Карабах, што е тешко возможно.
Челси е прв на табелата
со десет бода, Рома втора со осум, додека пак Атлетико Мадрид има шест освоени
бода засега. Карабах е без никакви шанси и моментално има два бода, и двата од
дуелите против шпанскиот тим.
Веќе се познати
почетните состави за вечерашните пресметки, Атлетико Мадрид ќе напаѓа со Торес
и Гризман, во редовите на домаќините најистурен во нападот ќе биде Мората,
веднаш зад него ќе биде Азар.
Челси:Куртоа, Фабрегас, Канте, Мората, Азар, Бакајоко, Мојсес,
Ѕапакоста, Кејхил, Кристенсен и Азпиликуета.
Атлетико Мадрид: Облак, Луис, Партиј, Коке, Гризман, Нигез, Торес, Габи,
Савиќ, Ернандез и Хименез.
Во претходната пресметка
помеѓу овие две екипи Челси во Мадрид беше подобар со 1-2.
Почетни состави за вечерашните натпревари:
Група „А“
Манчестер јунајтед –
ЦСКА Москва
Бенфика – Базел
Група „Б“
Баерн Минхен – ПСЖ
Селтик – Андерлехт
Група „Ц“
Челси – Атлетико Мадрид
Рома – Карабах
Група „Д“
Барселона – Спортинг Лисабон
Олимпијакос – Јувентус
Извор:
uefa.com